
Новости
Соопштенија
Соопштение за располагање со парични средства од социјална, детска и цивилна заштита
03.02.2021
Соопштение за располагање со парични средства од социјална, детска и цивилна заштита
Ве информираме дека на 04.02.2021 (четврток) ќе се изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите - корисници на дебитни картички, средствата ќе бидат веднаш достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите.
Додека, готовинска исплата во филијалите на Банката ќе се изврши етапно на 4-ти февруари (четврток) и 5-ти февруари (петок) 2021 година, со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:
- 04.02.2021 (четврток) исплата за А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ; (презиме)
- 05.02.2021 (петок) исплата за М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; (презиме)
Потребно е клиентите строго да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец.
Банката повторно ги повикува сите клиенти корисници на средствата за социјална заштита да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за овие приливи туку и за приливите кои следуваат додека траат мерките за заштита.
Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на паричните права за социјална заштита за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
Клиентите кои ќе ги посетат нашите филијали, задолжително да ги следат следните препораки:
- Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред
- користење на маски или марами и
- одржување на меѓусебно растојание од најмалку 2 метри, за што се ангажирани и редарски службеници.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна