
Новости
Соопштенија
Соопштение за исплата на пензии за месец февруари 2023
27.02.2023
Соопштение за исплата на пензии за месец февруари 2023
Почитувани,
Ве известуваме дека пензиите за месец февруари од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.
Со пензиите за месец февруари, клиентите ќе можат да располагаат од 27.02.2023 (понеделник), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:
- До 11.000 денари на 27.02.2023 (понеделник)
- 11.001-14.000 денари на 28.02.2023 (вторник)
- 14.001-18.000 денари на 01.03.2023 (среда)
- Над 18.001 денари на 02.03.2023 (четврток)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна