
Новости
Соопштенија
КУПУВАМ ДОМАШНО картичките ќе се издаваат до 17 јули
23.06.2020
КУПУВАМ ДОМАШНО картичките ќе се издаваат до 17 јули
Почитувани, во проектот Купувам домашно, Банката учествува со над 110.000 платежни картички (ДПК) кои се изработуваат секојдневно и испраќаат во филијалите. Откако картичките ќе стигнат во филијалата за која се наменети, се доделува термин за подигнување на картичката и клиентите добиваат СМС или можат да проверат на веб формуларот www.stb.com.mk/DPK кога и каде да ја подигнат картичката.
Состојбата до 23 јуни покажува дека Стопанска банка има изработено повеќе од 70.000 картички од вкупните 110.000 и тој процес продолжува во следните 2 недели кога ќе бидат изработени преостанатите картички. За овие 10 дена подигнати се 25% од сите планирани картички и истите активно се користат во продажната мрежа. Процесот на изработка и дистрибуција на картичките продолжува со предвиденото темпо, но потребно е трпение и разбирање затоа што процесот бара време и ресурси а нашите филијали работат во вонредни услови со максимален капацитет и со продолжено работно време.
Апелираме граѓаните да го почитуваат доделениот термин и да не доаѓаат во филијалите за информирање. Сите информации се достапни бесплатно и во секое време на нашата веб страница за секој клиент одделно.
Картичките за кои при проверка на www.stb.com.mk/DPK стои пораката „СЕ ИЗРАБОТУВААТ“ ќе бидат достпани во следните денови, граѓаните може да проверуваат секојдневно, терминот ќе се појави штом картичката биде достапна за подигнување.
НАПОМЕНА: Со доаѓање во филијалата без термин и проверка дека картичката им е изработена во Стопанска банка, граѓаните се соочуваат со непотребно чекање во ред, веројатно нема да може да влезат во филијалата бидејќи приоритет имаат клиентите со термин, а притоа непотребно се изложуваат на гужви и на здравствен ризик.
Ги потсетуваме граѓаните дека првата проверка ДАЛИ им следува картичка е достапна на https://www.kupuvamdomasno.gov.mk/
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна