
Новости
Соопштенија
Дигиталното банкарство за физички лица БЕЗ ПРОВИЗИИ до 15.04
Стопанска банка АД – Скопје информира дека до 15.04 Банката нема да наплаќа провизија за денарски трансакции направени од физичките лица преку дигиталното банкарство (e-banking, m-banking) за налози кон други банки.
Извршувањето на интерните налози преку дигиталното банкарство, како и досега, е бесплатно за клиентите исто како што е бесплатно и добивањето корисничкиот пристап.
Доколку сте ја заборавиле лозинката за најава, истата можете да ја обновите преку kontaktcentar@stb.com.mk или на (02)3100 109 во секое време од денот (24/7).
За останатите тарифи за девизни плаќања информирајте се на нашата веб страница.
Бидете здрави, чувајте се и управувајте со вашите финансии брзо, лесно, безбедно и 24/7 од комоцијата на вашиот дом. Дознајте повеќе на www.stb.com.mk
Упатства за користење на услугите:
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна