Известување за каматните стапки на трансакциски и штедни сметки
26.12.2018
Известување за каматните стапки на трансакциски и штедни сметки
Ве известуваме дека во примена од 01.01.2019, Стопанска банка АД – Скопје, ги намали каматните стапки за позитивната состојба на трансакциските и на штедните сметки, при што на позитивното салдо, Банката пресметува и исплатува камата по каматна стапка од 0,00% годишно на трансакциските сметки и 0,0001% годишно на штедните сметки.
За детален увид во актуелните услови за трансакциските и за штедните сметки во примена од 01.01.2019 година, обратете се во Филијалите на Банката, на веб страницата на Банката на следниот линк и во 24/7 Контакт центарот на (02) 3100-109.