header image

Во тек е исплата на финансиска поддршка од Владата и ажурирање на клиентите корисници на поддршката

20.12.2020

 

Соопштение за исплата на финансиска поддршка од Владата и ажурирање на клиенти

 

Стопанска банка АД - Скопје и овојпат активно учествува во спроведувањето на неодамна усвоениот Закон за финансиска поддршка на граѓани со низок доход: корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.
Користејќи ја својата широкораспространета мрежа и овојпат Банката ќе им биде на располагање на граѓаните да ја добијат поддршката која е потребна во оваа тешка ситуација за сите.
Поради зголемениот обем на посети на филијалите Банката го продолжува работното време и го зголемува капацитетот на филијалите во согласност со ограничувањата кои се во примена поради мерките за заштита од КОВИД – 19.

Со објавата на конечната листа на корисници на www.kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните веќе можат, со внес на својот ЕМБГ, да се информираат ДАЛИ се дел од корисниците и ВО КОЈА БАНКА се упатуваат за да ги добијат средствата.


За клиентите кои се упатени да се обратат во Стопанска банка АД – Скопје ги објавуваме овие корисни информации:
  • Согласно законот, Клиентите мора да ги имаат ажурирано своите податоците во Банката не подоцна од четврток 24. 12. 2020 за да можат да ги добијат средствата на располагање**.
    Доколку до 24. 12. 2020 не бидат ажурираат податоците, средствата од финансиската поддршка нема да бидат распоредени на нивната сметка, и според одредбите на Законот ќе бидат вратени на сметката на Владата на РСМ.
    • Банката испраќа СМС порака до клиентите кои имаат валиден мобилен телефонски број со информации за проектот
    • Ажурирањето на личните податоци се спроведува: во филијалите, преку контакт центарот (02)3100 109 и преку e-banking сервисот

  • Трансферот на средствата на сметките на клиентите ќе заврши во петок 25. 12. 2020, а ќе се спроведе САМО за клиенти кои ги имаат ажурирано своите податоци во Банката (или кои во меѓувреме ќе ги ажурираат).
    • Банката ќе испрати СМС порака до клиенти чии податоци се веќе ажурирани во Банката  дека нема потреба да доаѓаат во филијалите на Банката за нивно ажурирање, но и порака штом средствата ќе им бидат на располагање на сметката, веќе од вторник 22. 12. 2020
    • Поседување на картичка за користење на средствата НЕ Е ПОТРЕБНО и со префрлените средства на сметките клиентите можат неограничено да располагаат. Препорачуваме да не се подигнуваат средствата од филијала поради избегнување на гужви.

  • Малиот број корисници на финансиска поддршка кои немаат трансакциска сметка во Стопанска банка неопходно е најдоцна до четврток 24. 12. 2020 да посетат една од филијалите на Банката, и по идентификација со важечка лична карта да отварат трансакциска сметка.

  • за клиентите кои имаат блокирани сметки, Банката ќе отвори посебна наменска сметка на која ќе бидат префрлени средствата од финансиската подршка, од која овие лица ќе можат да ги подигнат средствата преку било која од филијалите на Банката најдоцна до петок 25. 12. 2020 во спротивно нема да можат да бидат користени. Банката не ги ослободува овие средства од активни или идни блокади добиени по 25. 12. 2020


Како и досега, поради спречување на ширењето на COVID-19 за влез во филијала, секој граѓанин мора да користи заштитна опрема за лице и да одржува прописно растојание пред влезот на филијалата.
Апелираме да не се прават непотребни турканици, како и со претходниот проект и овојпат, сите клиенти ќе бидат услужени за што Банката ќе обезбеди дополнителен кадар и редарски службеници.

Станува збор за проект од голем обем кој треба да се реализира во краток временски период и во тешки временски услови па трпението ќе биде неопходно кај сите.

Сите информации во врска со проектот може да се најдат на веб страницата на Банката и не е потребно јавување во Контакт центарот кој веќе активно е вклучен во процесот на ажурирање на клиентите.

Апелираме до јавноста и до сите клиенти на Банката во периодот кога ќе се спроведува проектот за финансиската поддршка на нашите сограѓани да се воздржат од посета на филијалите доколку не е неопходна и да ги користат другите канали за информирање и интеракција со Банката.


Стопанска банка АД – Скопје

 


**Ажурирањето е процес на верификација на податоците со кои располага Банката за својот клиент и е законска обврска која мора да се повторува секои 2 години за секое физичко лице, резидент. При промена на лична карта, клиентот мора да се обрати во филијала за ажурирање на новиот документ во базата на податоци за клиентот, додека во сите други прилики ажурирањето може да се изврши и телефонски и преку e-banking сервисот.
Бидејќи клиентите не знаат за статусот на ажурирани/неажурирани лични податоци, Банката ќе испрати СМС порака до сите клиенти кои се АЖУРИРАНИ за да не мора да се обраќаат до Банката оваа недела за таа цел со што ќе се заштитат и себеси, но и ќе остават простор за граѓаните кои мора да бидат ажурирани и услужени од Банката.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.