Повлекување на Windows Mobile верзија на мобилна апликација
25.02.2019
Информација за Windows mobile верзија на мобилната апликација
Почитувани,
Согласно значајно намалениот број на корисници на Windows Mobile уреди на пазарот, но и глобално, ве информираме дека од 01.03.2019 m-banking апликацијата на Стопанска банка ќе престане да биде достапна за преземање од Windows Mobile Store.
Бесплатната m-banking апликација останува достапна за iOS и Android мобилни уреди и Банката ќе продолжи да инвестира во развој и унапредување на услугите достапни преку истата.
Стопанска банка АД – Скопје
75години на ваша страна