
Новости
Соопштенија
Соопштение за располагање со парични средства од социјална, детска и цивилна заштита за април 2022
04.05.2022
Соопштение за располагање со парични средства од социјална, детска и цивилна заштита за април 2022
Почитувани,
Ве информираме дека на 04.05.2022 (среда) ќе се изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите - корисници на дебитни картички, средствата ќе бидат веднаш достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите.
Додека, готовинска исплата во филијалите на Банката ќе се изврши етапно на 4-ти мај (среда) и 5-ти мај (четврток) 2022 година, со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:
- 04.05.2022 (среда) исплата за А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ; (презиме)
- 05.05.2022 (четврток) исплата за М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; (презиме)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец.
Клиентите кои ќе ги посетат нашите филијали, апелираме да ги следат следните препораки:
• Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред
• Да се одржува меѓусебно растојание.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна