
Новости
Соопштенија
Соопштение за исплата на пензии за месец мај 2023
29.05.2023
Соопштение за исплата на пензии за месец мај 2023
Почитувани,
Ве известуваме дека пензиите за месец мај од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи.
Со пензиите за месец мај, клиентите ќе можат да располагаат од 29.05.2023 (понеделник), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:
- До 11.000 денари на 29.05.2023 (понеделник)
- 11.001-14.000 денари на 30.05.2023 (вторник)
- 14.001-18.000 денари на 31.05.2023 (среда)
- Над 18.001 денари на 01.06.2023 (четврток)
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна