header image

Прогласени националните победници на Microsoft Office Specialist 2024

25. 6. 2024

Прогласени националните победници на Microsoft Office Specialist 2024

 

Во просториите на Semos Education денес се одржа државниот натпревар од кој го добивме овогодинешниот Microsoft Office Specialist - Сердар Цветков од СЕТУ „Михајло Пупин“ од Скопје.

Светскиот натпревар Microsoft Office Specialist, претставува глобален натпревар кој ги тестира вештините на учесниците во Microsoft Word®, Excel® и PowerPoint®. Со учество на овој натпревар средношколците добиваат одлична прилика да ги покажат своите вештини, да се забавуваат но и да остават впечаток кај другите учесници, притоа стекнувајќи се со меѓународно признат сертификат и дигитален беџ кој дополнително им ги зголемува можностите за понатамошно вработување.

На прогласувањето на победниците, пред присутните финалисти и нивните ментори, пред организаторите и Градоначалничката на Град Скопје г-а Данела Арсовска, г-а Татјана Калајџиева, Сениор директор за продажба и мрежа на филијали изјави:
Огромно задоволство е да се биде во друштво на амбициозни млади сограѓани кои уште од средношколски клупи сакаат да покажат дека можат и дека знаат да се носат со глобалните трендови. Честитки на сите финалисти, вие сте најдобрите од вашите генерации и треба да се гордеете со постигнатото. Секако, честитки за победниците и за нивните ментори чијашто заложба е влог за подобра иднина. Стопанска банка оваа година одбележува 80 години од постоењето и една од активностите која ја негуваме овие 80 години е да создаваме подобро утре заедно, за сите, преку поддршка на младите, на науката, на уметностите и на тој начин да го надополнуваме чувството за ДОМА.“

Сите финалисти од Банката и оваа година добиваат 5.000денари како награда за постигнатиот успех.
Честитки за организаторите, менторите и учесниците!

Стопанска банка АД - Скопје
80 години на ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.