
Новости
Соопштенија
Продажба на имот 08-09/2019
О Г Л А С
(реф бр. 08-09/2019)
за продажба на превземен имот на
Стопанска банка АД – Скопје
Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:
|
|
Вид на имотот: |
Краток опис: |
Имотен лист |
Физичко владение |
Минимална/почетна цена (ЕУР) |
|
1 |
Струмица |
спрат од куќа |
1 кат од куќа на ул. М.Тито бр. 158 Струмица од 67 м2. |
да |
да |
9.700 |
|
2 |
Кочани |
деловен простор |
ул. Г. Делчев, Кочани, зграда бр.1, влез 3, приземје од 32м2. |
да |
да |
3.050 |
|
3 |
Кочани |
деловен простор |
ул. Г. Делчев, Кочани, зграда бр.1, влез 3, приземје од 40м2. |
да |
да |
3.171 |
|
4 |
Скопје |
куќа |
ул.Алија Авдовиќ бр.38А Скопје со вкупна површина од 225м2. |
да |
не |
10.000 |
|
5 |
с.Оптичари Битола |
фарма |
објект за одгледување на добиток со површина во основа од 426 м2 и двор од 2,426 м2, с. Оптичари, Битола. |
(за земјиштето) |
да |
17.000 |
|
6 |
Велес |
деловен простор |
на ул.Киро Рогужаров, Велес, приземје, од 25 м2. |
да |
да |
900 |
|
7 |
с.Вевчани |
куќа |
с.Вевчани од 118м2 и земјиште под објект од 158м2 и нива од 110м2 |
да |
да |
12.000 |
|
8 |
Охрид |
деловен простор |
ул. Туристичка, ТЦ, Охрид 2 со површина од 22м2. |
да |
да |
11.000 |
|
9 |
Виница |
административен простор |
дел од зграда на филијала Виница со површина од 643м2 (01+02+03+04кат) |
да |
да |
132.000 |
|
10 |
Битола |
спрат од куќа |
ул.Охридска бр.188 со површина од 93м2 |
да |
не |
16.100 |
|
11 |
с.Радишани, Скопје |
куќа |
на ул.Радишанска 216А (ПР+МА) со вкупна површина од 109м2 и земјиште со вкупна површина од 785м2 |
да |
да |
38.000 |
|
12 |
с.Турново |
деловен простор |
на м.в. Турново 152 од 157м2 и земјиште од 779м2 |
да |
не |
7.100 |
|
Напомена: за Недвижниот имот наведен во листата кој не е во фактичко владение, постапката за обезбедување на истото, како и трошоците ги превзема Купувачот.
Во цената на имотите под точка 2,3,5,6,8,9 и 12 не е вклучен ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.
Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.
Недвижниот имот ќе се продава во готово или на кредит.
Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.
Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:
- Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
- Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
- Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на СРМ не постара од 6 месеци),
- Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
- На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
- цената која се нуди за купување на недвижноста;
- согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
- согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.
Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029- МКД 113660111 со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со почетна минимална цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.
Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.
Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето.
Рокот за доставување на Понудите е 24.09.2019 година.
Дополнителни информации на телефон: 02/3295-280 и 02/3295-283
СТОПАНСКА БАНКА АД – СКОПЈЕ
На ваша страна