
Новости
Соопштенија
Соопштение за располагање со парични средства од социјална, детска и цивилна заштита за месец ноември 2022
02.12.2022
Соопштение за располагање со парични средства од социјална, детска и цивилна заштита
Почитувани,
Ве информираме дека на 05.12.2022 (понеделник) ќе се изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите - корисници на дебитни картички, средствата ќе бидат веднаш достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите.
Додека, готовинска исплата во филијалите на Банката ќе се изврши етапно на 5-ти декември (понеделник) и 6-ти декември (вторник) 2022 година, со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:
- 05.12.2022 (понеделник) исплата за А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ; (презиме)
- 06.12.2022 (вторник) исплата за М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; (презиме)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна