header image

Информации за депонентите на „Еуростандард“

14. 9. 2020

 

Почитувани,

Во согласност со Договорот склучен помеѓу Стопанска банка АД – Скопје и Фондот за осигурување на депозити, Стопанска банка е една од 4-те банките преку кои ќе се врши обесштетување за дел од депонентите од Еуростандард банка.


Процесот на обештетување ќе се спроведува во сите филијали на Стопанска банка во договорениот период од три години, почнувајќи од 15. 9. 2020 година.


Стопанска банка АД – Скопје ќе врши обесштетување за сите депоненти: физички лица и самостојни вршители на дејност чие презиме/чиј назив започнува со буквите: М, Н, Њ, О, П, Р.


Фондот за осигурување на депозити, во согласност со одредбите од законот, во случај на настанување на ризичен настан врши обесштетување до 30.000 евра, во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ, во кој се вклучени износот на главница и каматата на сите депозити на едно лице депонент во Еуростандард Банка, на денот на настанување на ризичниот настан - 12. 8. 2020 година.


Податокот за износот на обесштетување по депонент е добиен од ФОД и во случај на евентуални реакции за истиот, Стопанска банка не одговара ниту пак има можност да врши дополнителни проверки и корекции. Во таков случај клиентот се упатува за понатамошна постапка во ФОД.


Резидентите – физички лица задолжително ќе се идентификуваат преку валиден ЕМБГ на депонентот со презентирање на документ за идентификација (лична карта, пасош).

Нерезидентите – физички лица се идентификуваат преку вештачки матичен број под кој нерезидентот се водел во „Еуростандард Банка” АД Скопје и презентираат важечки документ за идентификација (пасош).


Обесштетувањето на самостојните вршители на дејност со личен труд кои биле регистрирани како ТП (трговци поединци) или Адвокати, Нотари Извршител и сл. ќе се врши според првата буква од регистрираниот назив за сите оние за кои називот започнува со буквите: М, Н, Њ, О, П, Р. Истите при обесштетување покрај документ за идентификација на овластеното лице за застапување (лична карта, пасош), потребно е да приложат  доказ за регистрација на стопанската дејност (тековна состојба од Централен Регистар не постара од 3 месеци).

Доколку депонентот има назначено законски застапник/старател/полномошник, Банката ќе врши исплата на обесштетувањето само на депонентот/законскиот застапник/старателот/полномошникот наведен во Потврдата, врз основа на Полномошно заверено од нотар во случај на спреченост депонентот лично да го оствари своето право. За регистрација/ажурирање, отворање на трансакциска сметка во отсуство на сопственикот и понатамошно располагање со средства од трансакциската сметка од страна на ополномоштеното лице задолжително се презентира Полномошно заверено на нотар.

Доколку износот на обесштетувањето е еднаков или помал од 5.000,00 денари Банката исплатувач може да изврши обештетување на лицето (депонент/законски застапник/старател/полномошник) наведен во Потврдата за сопственост на депозит.

Доколку при идентификација на депонентот се утврди несовпаѓање на личните податоци на депонентот (име/презиме, матичен број) со податоците од Списокот на депоненти и Потврдата за сопственост, Стопанска банка нема да изврши обештетување и ќе го упати депонентот да ги ажурира своите лични податоци во Фондот.

Обесштетувањето задолжително се врши во денари, на денарска трансакциска сметка на депонентот во СБ која доколку клиентот ја нема ќе биде отворена при посета на филијала, а во согласност законската регулатива. Клиентите можат да одлучат да отворат депозитен производ по сопствен избор, во согласност со актуелната понуда на депозитни производи кои Стопанска банка АД – Скопје ги нуди.


Детални информации за обештетувањето, корисниците може да добијат на (02)3100 109 во нашиот 24/7 контакт центар или во некоја од филијалите.


Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.