header image

ФИТР И Стопанска банка АД - Скопје го олеснуваат финансирањето на иновативните компании

9. 7. 2021

 

ФИТР И Стопанска банка АД - Скопје го олеснуваат финансирањето на иновативните компании

 


Олеснет пристап до финансирање за сите микро, мали и средни претпријатија, овозможени се преку Меморандумот за соработка кој го потпишаа Фондот за иновации и технолошки развој и Стопанска банка АД - Скопје.


Можностите се однесуваат на корисници на кофинансирани грантови на ФИТР, кои имаат потреба за дополнителна финансиска поддршка, како и за компании кои аплицирале на некој од повиците на ФИТР а не биле одобрени за финансирање од Фондот.


„Пред неколку месеци суштинската соработка на ФИТР со банкарскиот сектор беше само идеја, а денес со шестте најголеми банки во државата им го олеснуваме развојниот пат на македонските стартапи и заеднички придонесуваме за развојот на домашната економија. Верувам дека преку партнерството на ФИТР со Стопанска банка АД - Скопје, ќе ја зголемиме бројката на новите стартап компании и ќе ги поттикнеме инвестициите, со крајна цел да започнат бизнис во нашата земја а да бидат успешни на светските пазари. Предлог проектите кои ги добиваме на јавните повици покажуваат дека имаме голем мотив  да продолжиме интензивно да работиме на потребите на стартап заедницата и изнаоѓање решенија за полесно пласирање на нивните идеи.” изјави Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.


Пакетот на банката нуди основна и наменска трансакциска сметка за вршење плаќања во домашниот платен промет без надомест за отвaрање на сметка, дозволено пречекорување на денарска сметка со минимална провизија за одобрување, пристап на Е-banking и М-banking сервиси и повластени провизии за трансакции преку Е-banking сервисот до 70% пониски од оние на шалтер но и VISA бизнис картичка без надомест за годишна членарина за првата година од користењето. Дополнително Банката може да понуди и кредитни линии, краткорочни и среднорочни кредити за финансирање на обртен капитал, долгорочни кредити за финансирање на инвестиции со промотивни услови како и посветен советник за бизнис клиентите.


„Потпишувањето на Меморандумот за соработка со ФИТР не радува затоа што силно веруваме во претприемачкиот дух, во иновативноста на нашите сограѓани и во потенцијалот за локален но и за глобален раст. Нашата улога како системски значајна банка е токму да бидеме двигатели на економијата. Оттука, покрај поддршката за големи развојни проекти, Стопанска банка АД - Скопје е исто така посветена на поддршка и охрабрување на малите и средните компаниии за целосно да ги остварат своите амбиции, се разбира преку здрави финансиски совети и соодветно прилагодени производи и услуги. Нашата речиси 80 годишна традиција, нашето богато искуство и експертиза се начин за остварување на силна синергија со плановите и проектите на иноваторите за испорачување на одлични крајни резултати. Затоа, ги повикуваме заинтересираните да им пристапат на нашите Референти за мал бизнис во филијалите и да побараат практичен совет и финансиско решение прилагодено на нивните потреби. На овој начин, Стопанска банка АД – Скопје останува постојано на ваша страна.”,  информираат од Банката.


ФИТР и Стопанска банка ќе организираат и едукативни и промотивни активности поврзани со можностите за финансирање на домашните компании, зголемување на финансиската писменост со цел олеснување на пристап кон финансиски средства, олеснет бизнис развој и комерцијализација на иновации.
Повеќе информации за пакетот можат да се најдат на нашата веб страница

 

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на