
Новости
Соопштенија
Најава за прекин на картичен систем поради надградба
3. 7. 2021
Најава за прекин на картичен систем поради надградба
Почитувани,
Стопанска банка АД – Скопје, следејќи го развојот на информатичката технологија, редовно спроведува безбедносни надградби со кои обезбедува врвна услуга за своите клиенти.
Во недела, 4. 7. 2021 од 2 до 4 часот наутро најавуваме прекин на достапноста на картичниот систем поради надградба на дел од системите. За време на надградбата, која наменски се спроведува во овие часови на намалена активност, клиентите и трговците нема да може да реализираат трансакции со нашите картички и POS терминали.
Ви благодариме на разбирањето. Продолжуваме да ги надградуваме нашите услуги и производи во интерес на клиентите.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна