header image

Оглас за вработување на Администратор на картичен систем

16. 4. 2021


Оглас за работна позиција Администратор на картичен систем во Сектор за информатичка технологија

 

Стопанска банка АД - Скопје огласува слободно место за работната позиција Администратор на картичен систем во Секторот за информатичка технологија.

Притоа, кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Познавање на Unix / Linux оперативни системи
  • Познавање на бази на податоци
  • Познавање на компјутерски мрежи
  • Познавање на сигурност на информативни системи
  • Познавање на систем мониторинг, процес на решавање на инциденти и проблеми, тјунирање на перформанси на системи
  • Познавање на работата на картични системи, банкомати и POS уреди ќе се смета за предност
  • ВСП – факултет за информатичка технологија или електротехника
  • Најмалку 2 години работно искуство
  • Одлично познавање на англиски јазик


Доплнително, кандидатот треба да ги поседува следните лични карактеристики:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи
  • Тимски дух, позитивен став  и однесување
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

Предвидено е работно време од 8 часа дневно или 40 часа неделно. Работното време е со почеток од 8.00ч до 9.00ч и крај од 16.00ч до 17.00ч. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Ве молиме Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го доставите најдоцна до 23.04.2021 година, онлајн преку апликацијата за пројавување интерес, преку e-mail: human.resources@stb.com.mk, или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати.

Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

Аплицирај online

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.