
Новости
Соопштенија
Оглас за продажба на имот 12/11/2018
О Г Л А С
(реф.19-11/2018)
Стопанска банка АД - Скопје објавува оглас за продажба на:
Недвижен имот (спроти трговскиот центар Skopje City Mall) на ул. Лондонска 2А, Скопје (согласно ДУП запишан како хотелски комплекс, одлука бр. 09-83/03 од 05.01.2016) лоциран на КП 1502/2 и КП 1502/10 за КО Карпош со вкупна површина од 1862м2 согласно Имотен лист бр.20466 и Имотен лист бр.40138, како и земјиште под објект со површина од 665м2 и двор со површина од 886м2, согласно Имотен лист бр.53125 и Имотен лист бр.53126.
Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на лицитација, со прибирање на затворени писмени понуди за минимална почетна цена од 1.620.000 ЕУР.
Во купопродажната цена за недвижниот имот не е вклучен ДДВ од 18%, кој паѓа на товар на купувачот.
Данокот на промет на недвижности и трошоците околу преносот на правото на сопственост паѓаат на товар на купувачот.
Сите заинтересирани правни или физички лица за учество на лицитацијата, треба да достават две поединечно затворени пликоа, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:
* Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со имот и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
- Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
- Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице,фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице, фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ, не постара од 6 месеци),
- Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
* На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
- цената која се нуди за купување на недвижноста;
- ДДВ од 18%;
-согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.
Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат депозит за учество на лицитација износ од 5% од минималната/почетна цена за имотот на жиро-сметка на Банката 200000000099029-МКД113660111.
Уплатениот депозит на понудувачот чија понуда ќе биде избрана како најдобра, се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот откога ќе биде информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.
Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација Ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР, пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на плаќањето.
Рокот за доставување на понудите е до 24.11.2018 година.
Дополнителни информации на телефон: 02/3295-280 и 02/3295-283