
Новости
Соопштенија
Соопштение за исплата на пензии за ноември 2021
25. 11. 2021
Соопштение за исплата на пензии за ноември 2021
Почитувани,
Имајќи ги во превид препораките и мерките за заштита од ширење на COVID – 19, Ве известуваме дека пензиите за месец ноември од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.
Со пензиите за месец октомври, клиентите ќе можат да располагаат од 26. 11. 2021 (петок), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:
- До 11.000 денари на 26. 11. 2021 (петок)
- 11.001-14.000 денари на 29. 11. 2021 (понеделник)
- 14.001-18.000 денари на 30. 11. 2021 (вторник)
- Над 18.001 денари на 1. 12. 2021 (среда)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.
Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита.
Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и задолжително е носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да одржуваат растојание од 2м.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна