header image

Софтверски токен - ново во i-bank услугите

Почитувани корисници на i-bank услугите од Стопанска банка АД – Скопје, ве информираме дека Банката со почетокот на годината воведе новитет во користењето на i-bank услугите - софтверски токен за плаќања преку телефонско банкарство, e-banking и m-banking. Постепено, корисниците на OTP уредите ќе може да се пренасочат кон користење на ова дигитално решение кое е вградено во бесплатната мобилна апликација на Банката.

Па така, со новата верзија на мобилната апликација, достапна бесплатно и за iOS и за Android уредите, на главното мени може да се забележи полето TOKEN. Меѓутоа, за да почнат да го користат софтверскиот токен, потребно е клиентите да се обратат во најблиската филијала со цел замена на OTP уредот и активирање на персонализираниот софтверски токен.

Со овој едноставен чекор клиентите добиваат во својот телефонски уред, безбеден модел за генерирање на еднократни лозинки за потпишување на налози преку телефонско банкарство, e-banking и m-banking. Клиентите кои не користеле физички OTP уред можат во најблиската филијала да побараат директно да им се овозможи користење на персонализираниот софтверски токен.

Дознајте повеќе за добивање и користење на софтверскиот токен за плаќања, а за совети и дополнителни информации обратете се во најблиската филијала на Банката или во 24/7 контакт центарот на (02)3100 109.

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна

Аплицирај online
24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на