header image

Добитници на грант од четвртото издание „Сонуваме. Менуваме.“

Добитници на грант од четвртото издание „Сонуваме. Менуваме.“

 

Пред почетокот на првиот од 15те инклузивни концерти на „Сонуваме. Менуваме.“ Стопанска банка АД - Скопје традиционално ги открива добитниците на грантови од асоцијациите на лица со посебни потреби кои Банката ги повика минатиот месец да испратат барања.

Комисијата во Банката ги анализира барањата и прави селекција на истите согласно можностите со овие барања да се опфатат поголем број на деца, да се овозможи континуирана работа со нив преку нови едукативни или физиотерапетски методи како и да се овозможни нивна поголема слобода во движење и игра.

 

Им благодариме на сите кои поднесоа барање за грант, имавме и оваа година прекрасни осмислени барања кои делумно или целосно ќе бидат поддржани со донациите.

Во текот на годината Банката продолжува да соработува со асоцијациите, со лицата со посебни потреби и да ги поддржува преку дополнителни активности и модели на соработка со што придонесуваме да се поттикнува и одржува инклузијата не само за време на кампањата #СонувамеМенуваме туку во текот на целата година.

 

Асоцијациите ќе ја продолжат комуникацијата со Банката за реализација на побараните грантови. Во продолжение е листата на 11те проекти кои ќе се реализираат од донациите од оваа година:

 

  1. ООУ “Кузман Јосифовски - Питу“ паралелка за деца со оштетен слух - набавка на училишен инвентар. Одобрен износ: 1.000евра
  2. “Кочо Рацин“ Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, вид, говор, глас и други пречки во развојот, Битола - градежна реконструкција на занимална и тоалети за деца со посебни потреби од предучилишна возраст. Одобрен износ: 1.500евра
  3. “Трисомија 21“ - Здружение на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром - работа со логопед и дефектолог 2 пати неделно по 4 часа. Одобрен износ 1.500евра
  4. “Ластовица“ Асоцијација за деца и младинци со посебни потреби - Набавка на смарт табла и проектор за поттикнување на развојот на говорот. Одобрен износ: 1.500евра
  5. „Детелинка плус“ - Центар за поддршка на деца и млади со пречки во развојот, Битола - Ангажман на логопед и дефектолог за децата корисници на центарот. Одобрен износ: 1.500евра
  6. „Доза среќа“ - здружение за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром - Ангажман на Александар Матовски - Цако како првиот дипломиран професор за предучилишна возраст со Даунов синдром за работа со деца со Даунов синдром од предшколска возраст. Одобрен износ: 1.500евра
  7. „Види ме“ - здружение на родители на деца со оштетен вид - Набавка на 3 тандем-велосипеди за рекреација на лицата со оштетен вид и Набавка на bone-conducting wireless слушалки. Одобрен износ: 1.200 евра
  8. „Сонце“ - Центар за инклузија, социјализација и работно оспособуање на лица со попреченост, Велес - социјализација со работилници за животни вештини, ликовна уметност, шиење, грнчарство, IT. Одобрен износ: 1.500евра
  9. НВО “Пркос“ - НВО за грижа на лица со церебрална парализа - Обука за BOWEN метод на физикална терапија. Одобрен износ 1.600евра
  10. “Имаго плус„ - здружение на граѓани за поттикнување на психосоцијалната свест - Набавка на квалитетни дидактички средства и книги за полесен и покреативен третман. Одобрен износ 1.500евра
  11. „Димитар Влахов“ Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид - набавка на звучни карти за користење на студио опремата во школото за снимање на аудио книги за децата со оштетен вид. Одобрен износ 800евра

 

Стопанска банка АД - Скопје

75 години на Ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на