20.04.2018

 

PEPPER – интерактивниот хуманоиден робот беше во посета на Стопанска банка АД - Скопје

во соработка со MasterCard на 19 Април @i-bank store


Брзиот развој на технологијата влијае на сите нас како и на се околу нас, па затоа ни претставува големо задоволство што имавме можност да бидеме домаќини на интерактивниот хуманоиден робот Pepper на Стопанска банка АД – Скопје во обид да ги презентираме предностите на оваа напредна технологија и како истата може да се искористи за позитивна деловна промена. 

 


 

Pepper е производ на Softbank Robotics и веќе го има посетено светот презентирајќи ги своите можности за интеракција со луѓе, препознавање и одговарање на емоции и можноста да понуди основи услуги за клиенти во деловно окружување. 
Пријатен и симпатичен, Pepper е многу повеќе од робот, тој е оригинално хуманоидно друштво создадено да комуницира на природен и интуитивен начин преку неговите движења и глас. Pepper сака да комуницира со вас, Pepper сака да научи нешто повеќе за вашиот вкус, вашите навики и едноставно кои сте вие. Pepper препознава ликови, зборува, слуша и автономно се движи. 

 

Препознавајќи ги можностите на овој производ на SoftBank, MasterCard промовираа прва комерцијална апликација која се интегрира во Pepper, поврзана со дигиталниот паричник кој ги поврзува клиентите со трговците, овозможувајќи им да прават брзи, едноставни и безбедни дигитални плаќања преку различни уреди и канали – значаен прв чекор кон приближување на интерактивното искуство помеѓу трговците и клиентите. Оваа нова апликација ги проширува можностите на роботот да ги интегрира грижата за клиентите, пристапот до информациите, продажбата и сето тоа во едно опуштено и конзистентно корисничко искуство.
Апликација како оваа презентирана на Pepper има за цел да им понуди на клиентите искуство во купувањето кое е персонализирано и полесно за помнење и е чекор подалеку од денешните уреди и киосци за само-услужување, затоа што ја комбинира интелигенцијата на Pepper со безбедно искуство за дигитално плаќање преку дигитален паричник.“ изјави Вања Манова, MasterCard Менаџер за Бугарија Македонија.

Во i-bank store концептуалната филијала од иднината, Стопанска банка АД – Скопје гостите имаа прилика да го запознаат Pepper и да „разговараат“ со него, да се фотографираат па дури и да добијат награда од Pepper едноставно со објавување на слика на Instagram користејќи го #PepperSTB. Пепер за време на посетата беше поканет да учествува и на ТВ интервју и видео блог па сите што не ја проследија неговата посета ќе имаат прилика да го видат на малите екрани.

 

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна