
Новости
Соопштенија
Прва регионална конференција за факторинг
15.05.2019
Прва регионална конференција за факторинг
Почитувани,
На првата регионална конференција на тема “Факторинг како алтернативен начин на финансирање“ која се одржа во Скопје на 14.05 активно учество зеде и Стопанска банка како системска банка и долгогодишен финансиски партнер на средните и малите претпријатија во Македонија.
На конференцијата претставниците од Владата на Република Северна Македонија најавија законски промени во делот на факторингот со кои ќе се зајакне правната сигурност на овие договори, а на банките, финансиските друштва и самите корисници на услугата, ќе им се помогне да го разберат и препознаат факторингот како алтернативен начин на финансирање.
Во панел дискусијата на тема можности и предизвици со кои се соочува финансиската индустрија за побарувања, Иновации и обезбедување на повеќе финансиски решенија за средните и малите претпријатија свое излагање имаше и Драган Гичев, заменик директор на сектор за корпоративно банкарство од Стопанска банка АД – Скопје пренесувајќи ја расположеноста на Банката се повеќе да го нуди факторингот како решение за своите клиенти со кое примарно ќе се подобри ликвидноста на компаниите и ќе се поттикне економскиот раст.
Нашиот тим е подготвен да одговори на сите прашања на клиентите околу можностите кои ги нуди Банката во делот на факторингот и се надеваме дека успешните примери ќе бидат поттик за раст на овој дел од корпоративното финансирање во Македонија. Колегите можете да ги добиете на: factoring@stb.com.mk или на телефон: 02/3295-589; 02/3295-162
Стопанска банка АД – Скопје
75 години на ваша страна