header image

МБА со препораки за превенција и за заштита од вирусот корона (COVID-19)

Македонската банкарска асоцијација целосно ги поддржува заклучоците, мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за соочување со заканата од ковид -19 (вирусот корона).

На 3. 3. 2020 година Собранието на Македонската банкарска асоцијација одржа седница на која се дискутираше за утврдување насоки за заштита и за превенција од ширење на болеста ковид-19 (вирусот корона). Во согласност со тоа, се изработи заедничка листа на мерки и на препораки за заштита и превенција од ширење на болеста во банкарскиот сектор кои се однесуваат на вработените во банките, штедилниците, Клириншката куќа и во Македонското кредитно биро и на сите нивни клиенти, со цел обезбедување нивна поголема заштита како и придонес за поголема заштита на колективното здравје.

Комуникацијата и координацијата помеѓу членките на МБА се одвива перманентно на дневна основа и се преземаат мерки и активности во согласност со развојот на состојбите.

Би сакале да упатиме апел до сите граѓани и правни лица – клиенти на банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро да ги ограничат посетите на експозитурите/ филијалите и на другите деловни простории на нашите членки и да избегнуваат директен и близок контакт и ракување со вработените, како и да се придржуваат целосно на сите препораки што ги издаде Владата на Република Северна Македонија.

Сите наши членки продолжуваат посветено да работат на одржување на високо ниво на квалитет во испораката на банкарските и другите финансиски услуги за граѓаните и за правните лица, при што до сите нив се апелира секогаш и секаде каде што тоа им го дозволуваат околностите да ги користат алтернативните начини за добивање на банкарски услуги како што се електронското банкарство, мобилното банкарство итн. кои не бараат нивно физичко присуство во банките со што директно ќе се придонесе за спречување од ширење на болеста.

Го изразуваме нашето цврсто уверување дека како и многупати досега, како банкарски сектор и како општество ќе излеземе на крај со сите предизвици што стојат пред нас, без никаква потреба за каква било паника.

Аплицирај online

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.