
Новости
Соопштенија
Соопштение за располагање со парични права од социјална заштита
02.05.2020
Соопштение за располагање со парични права од социјална заштита
Почитувани,
Согласно спроведената исплата на парични права од социјална заштита, ве информираме дека во периодот од 04-ти мај (понеделник) до 07-ми мај (четврток) 2020 година, Банката ќе ги исплаќа паричните права од социјална заштита на клиентите корисници, но со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:
Распоредот за готовински исплати во филијалите на Банката:
- 04.05.2020 (понеделник) исплата за А, Б, В, Г + Д (презиме)
- 05.05.2020 (вторник) исплата за Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К + Л (презиме)
- 06.05.2020 (среда) исплата за Љ, М, Н, Њ, О, П + Р (презиме)
- 07.05.2020 (четврток) исплата за С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ + Ш (презиме)
Напоменуваме дека за клиентите корисници на дебитни картички, средствата од паричните права од социјална заштита ќе им се достапни за располагање во трговија и на банкоматите од 4ти мај.
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец.
Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на средствата за социјална заштита да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за овие приливи туку и за приливите кои следуваат додека траат мерките за заштита.
Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на исплатата на средствата за социјална заштита за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
Напоменуваме дека за клиентите корисници на дебитни картички, средствата од паричните права од социјална заштита ќе им се достапни за располагање во трговија и на банкоматите од 4ти мај.
Работното време на филијалите на Банката е од понеделник до петок од 08 – 15 часот.
Клиентите кои ќе ги посетат нашите филијали, апелираме да ги следат следните препораки:
• Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред
• Да се почитуваат сите превентивни мерки во насока на заштита на јавното здравје (задолжително користење на маски или марами) и да се одржува меѓусебно растојание од најмалку 2 метри, за што се ангажирани и редарски службеници.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна