header image

Четврто издание на „Сонуваме. Менуваме.“

 Четврто издание на „Сонуваме. Менуваме.“

 

Почитувани,

 

Стопанска банка АД - Скопје со гордост го најавува четвртото издание на општествено одговорниот проект #СонувамеМенуваме кој оваа година ќе брои 15 инклузивни концерти на омилените 5+ фамилија и децата со попреченост. Овој проект, Банката го започна со цел подигнување на јавната свест и поширока дискусија на тема инклузија на лицата со пречки во развојот посебно кај децата кои се публика која е отворена и лесно прифаќа корисни сугестии. Од 2016 година кога #СонувамеМенуваме имаше една изведба проектот постепено растеше, привлекуваше внимание и создаваше услови за развивање на емпатија, разбирање и подобрен однос на општеството кон лицата со попреченост. Затоа, четвртото издание доаѓа во проширен формат, со повеќе концерти, повеќе настапи и секако со поголема публика.

 

На сцената на Македонскиот народен театар, почнувајќи од 14 декември ќе се одржат вкупно 15 концерти во кои покрај актерската екипа на 5+ фамилија учество ќе земат голем број претставници на асоцијациите на лица со пречки во развојот:

 - Dancers United
 - Ема Ананиевска
 - Александар Матовски - Цако
 - Филип Величковски
 - Танцовото друштво Еурека
 - Трисомија 21
 - Огнен
 - Завод за рехабилитација „Кочо Рацин“ - Битола
 - ОУ Кузман Јосифовски - Питу, Скопје
 - Кристијан Лазарев и многу други наши драги пријатели.

 

Низ песни, игра и смеа, децата откриваат дека разликите не треба да не разделат туку напротив да не сплотат. Повелете одберете кој термин најмногу ви одговара и набавете ги вашите влезници за еден од термините преку веб страницата на МНТ или на билетарницата во самиот објект.

Термини за концертите:

Сабота 14.12.2019 од 14 и 17 часот

Недела 15.12.2019 од 11, 14 и 17 часот

Четврток 26.12.2019 од 10 и 12 часот

Петок 27.12.2019 од 10, 12 и 18 часот

Сабота 28.12.2019 од 11 и 14 часот и

Недела 29.12.2019 од 11, 14 и 17 часот

 

Како и претходните години, продажбата на влезниците по цена од 200мкд во целост ќе се употреби за #СонувамеМенуваме фондот за донации преку кој во изминатите години веќе се реализирани 25 проекти со кои лицата со пречки во развојот добиваат опрема, подобрени услови и можности за едукација и напредување.

Повикот за одобрување на грантови е повторно отворен и асоцијациите веќе почнаа да ги праќаат своите барања а овогодинешните добитници ќе бидат објавени на 14.12. пред премиерниот концерт „Сонуваме. Менуваме.“ Сите изведби ќе бидат проследени со превод на знаковен јазик како и претходните години.

 

Продукцијата ОхО и оваа година е нераздвоен дел од #СонувамеМенуваме и ги планира, организира и реализира концертите преку кои ја пренесуваме моќната порака за потреба од поголема инклузија на лицата со попреченост во секоја сфера од живеењето. Како ретко популарна едукативна содржина за деца, 5+ фамилија е дел од детството на повеќе од 12 генерации деца и веруваме дека нивната улога во пренесување на пораката за прифаќање, соживот и разбирање на сите деца е вистинската формула за успех.

 

Фотографии и снимки од настаните и нашите неуморни фотографи ќе бидат достапни на нашата Facebook страница.

 

Стопанска банка АД - Скопје

75 години на ваша страна

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на