
Новости
Соопштенија
Соопштение за исплата на пензии за месец ноември 2022
28.11.2022
Соопштение за исплата на пензии за месец ноември 2022
Почитувани,
Ве известуваме дека пензиите за месец ноември од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.
Со пензиите за месец ноември, клиентите ќе можат да располагаат од 29.11.2022 (вторник), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:
- До 11.000 денари на 29.11.2022 (вторник)
- 11.001-14.000 денари на 30.11.2022 (среда)
- 14.001-18.000 денари на 01.12.2022 (четврток)
- Над 18.001 денари на 02.12.2022 (петок)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.
Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна