
Новости
Соопштенија
Оглас за вработување - Оператор во Сектор за ИТ
14.05.2020
Оглас за вработување - Оператор во Сектор за информатичка технологија
Работното место ги опфаќа следните активности:
• Мониторирање на системи
• Обезбедување на help-desk поддршка
• Мониторирање и поддршка на банкомати
• Администрирање на кориснички профили
• Спроведување на системски обработки
• Контрола на опремата и активностите во дата центарот
Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:
• Одлично познавање на работа со компјутери и Windows оперативен систем
• Искуство со ИТ help-desk поддршка, мониторирање на системи, решавање и ескалација на инциденти
• Основно познавање на Unix или Linux оперативни системи
• Основно познавање на компјутерски мрежи и сигурност на информациони системи
• Завршено високо образование, пожелно информатичка технологија, електротехника, машински, или друг технички факултет
• Одлично познавање на англиски јазик
• Работно искуство од најмалку 3 години во областа
Лични карактеристики:
• Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи
• Тимски дух, позитивен став и однесување
• Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
• Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
• Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
Банката обезбедува плата во месечен нето износ од 30.000,00МКД.
Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно и распоред на работата во три смени, во текот на целата недела а почетокот и крајот на работното време се утврдуваат со план за сменско работење во согласност со одлука на Банката. Банката исплатува додатоци и надоместоци од работен однос согласно законските прописи.
Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина и можности за професионален напредок на своите вработени.
Ве молиме Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го доставите онлајн преку нашата веб страница со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 19.05.2020г.
Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.
Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати.
Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.