header image

Мерки за заштита од COVID - 19

10.04.2020

Мерки за заштита од COVID - 19

 

Почитувани,

Како што се развива кризата со COVID-19 во Република С. Македонија, Стопанска банка АД - Скопје продолжува да применува засилени мерки за заштита на здравјето на клиентите и вработените, притоа обезбедувајќи континуитет во работењето и достапност на нашите производи и услуги.

Во тој поглед, просториите на Банката како и банкоматите редовно се дезинфицираат, воведени се посебни услови за влез во филијала (2-5 лица во исто време, ознаки за одржување на соодветно растојание, редари пред филијалите, термална камера на влезот во Централата), се користат визири, маски, ракавици и вработените редовно се снабдуваат со средства и препораки/насоки за хигиена на работното место.
Дополнително, со цел да се обезбеди континуитет во работењето и во случај на зараза на наш вработен, Банката работи со ротирачки тимови кои се менуваат на две недели и немаат директен контакт помеѓу себе.

Банката информира дека, на 09.04.2020г., од лице вработено во филијала Куманово пристигна информација за позитивен резултат од тест за COVID-19, откако во семејството во кое живее имало позитивен случај. Лицето е дел од  „резервниот ротирачки тим“ и изминатите 14 денови не било ангажирано на работа, односно тимот и клиентите не биле во контакт со лицето во тој период. Останатите вработени од овој тим се во добро здравје, изминатите денови се во само-изолација и ќе ги следат насоките од инфектолозите во претстојниот период пред да се вратат на работа (понатамошна изолација или тестирање).

Филијалата Куманово ќе продолжи со работа со тимот кој периодов работеше во Филијалата, со што ќе се обезбеди континуитет во услужувањето на нашите клиенти. Секако за филијалата ќе продолжи да се обезбедува интензивно чистење и дезинфекција за максимална заштита на здравјето на нашите клиенти и вработени.

Стопанска банка АД - Скопје, како општествено одговорна компанија, транспарентно ќе информира за евентуални случаи на позитивни COVID-19 вработени, а во меѓувреме го повторува апелот, филијалите да се користат само за неопходни трансакции и сите клиенти, кои се во можност, да ги активираат i-bank дигиталните канали и да ги реализираат своите трансакции преку интернет, мобилен или преку телефон.

На лицето со позитивен тест и семејството им посакуваме добро здравје и брзо опоравување.

Одбор за управување со криза од Covid-19
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.