
Новости
Соопштенија
Прогласени најдобрите банкарски службеници за 2020 година
31. 10. 2020 година
Прогласени најдобрите банкарски службеници за 2020 година
Почитувани,
во рамки на традиционалното одбележување на „Светскиот ден на штедењето“ прогласени беа најдобрите банкарски службеници за 2020 година од сите банки и штедилници во Република Северна Македонија.
На виртуелна манифестација, поради мерките за заштита од COVID-19, на добитниците им беа доделени плакети и признанија а свое обраќање имаа Претседателката на МБА, Директорот на Фондот за осигурување на депозити и Гувернерката на НБРСМ.
Нашите вработени во филијалите, како никоја година претходно, оваа година играат клучна улога за достпаноста на производите и услугите на Банката за клиентите. Работејќи под посебни услови, со многу мерки за претпазливост и заштита, и спроведувајќи бројни проекти од јавен интерес, нашите вработени доследно и професионално ги извршуваат своите активности.
Им благодариме на сите за нивниот придонес а посебно ги издвојуваме колешките кои го добија статусот на најдобри во 2020 година:
- Паце Сековска, филијала Битола
- Татјана Митрева, филијала Струмица и
- Катерина Ивановска, филијала Јане Сандански
Успехот на колешките е резултат на менторството и тимската работа во нивните филијали, а секако и поттик за идните генерации вработени во нашите филијали.
Им посакуваме многу здравје, среќа, успех и професионално напредување.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна