
Новости
Соопштенија
Соопштение за располагање со парични средства од социјална, детска и цивилна заштита за мај 2022
02.06.2022
Соопштение за располагање со парични средства од социјална, детска и цивилна заштита за мај 2022
Почитувани,
Ве информираме дека на 02.06.2022 (четврток) ќе се изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите - корисници на дебитни картички, средствата ќе бидат веднаш достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите.
Додека, готовинска исплата во филијалите на Банката ќе се изврши етапно на 2-ри јуни (четврток) и 3-ти јуни(петок) 2022 година, со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:
- 02.06.2022 (четврток) исплата за А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ; (презиме)
- 03.06.2022 (петок) исплата за М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; (презиме)
Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на средствата за социјална заштита да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за овие приливи туку и за приливите кои следуваат додека траат мерките за заштита.
Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на паричните права за социјална заштита за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
Клиентите кои ќе ги посетат нашите филијали, апелираме да ги следат следните препораки:
• Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред
• Да се одржува меѓусебно растојание од најмалку 2 метри.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна