header image

ВПВЗ vol. 3

10.05.2017

 

„ВОЗИ ПРАВО, ВОЗИ ЗДРАВО“ vol. 3 ПРОЛЕТНО ВО СКОПЈЕ

 

Водени од задоволството и успешната реализација на првите 2 настани под мотото „Вози право, вози здраво“ како и ефектот на донациите на урбана опрема, Стопанска банка АД - Скопје во пролетно руво го подготвува и најавува „Вози право, вози здраво“ број 3 за сабота, 20.05 низ скопските улици.

Како и во претходните два наврати, настанот го започнуваме со ревијална трка, овојпат со старт во 12 часот на Порта Македонија, долж улиците во центар кон Градскиот парк, каде повторно за учесниците и посетителите ќе понудиме многу забава, подароци, изненадувања, игри и интеракција.

За време на трката од 12 до 13 часот, со цел обезбедување на максимална заштита на учесниците ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим со поддршка на СВР Скопје, ЈП Улици и патишта и секако нашите ВПВЗ волонтери.


Регистрацијата е веќе отворена и достапна на овој линк најдоцна до 19.05. Дополнително, регистрација ќе биде можна и на означените пултови пред Порта Македонија на 20.05, со почеток од 11 часот.


Старт: 20.05.2017, 12 часот Порта Македонија

Цел: Градски парк (големиот тревник позади споменикот Гоце Делчев)

 

Како и досега, на целта ќе не очекуваат бројни подароци и изненадувања за учесниците, музичка и театарска претстава на сцената и секако лотарија на подароци за секоја категорија учесници. На целта добредојдени се сите посетители на паркот да уживаат во дополнителните содржини предвидени за ова издание на #ВозиПравоВозиЗдраво.

 

 

Стопанска банка АД - Скопје во поттик на општествената одговорнос повторно како финале на проектот ќе донира урбана опрема која во фокусот ќе ги има овие чисти форми на транспорт и заштита на животната средина. За потсетување, од ВПВЗ првото издание донацијата беше првиот Детски велосипедски полигон кој го краси паркот Македонија веќе втора година. Од второто издание на ВПВЗ Банката за Градот донираше 5 станици за поправка на велосипеди + 100 паркинзи за велосипеди насекаде низ градот. Вашите предлози за следната урбана опрема можете да ни ги испратите во порака на Facebook.

 

 

Наградна лотарија за учесниците во ВПВЗ:

 

  • Категорија Велосипед:
    • Fixie велосипед
    • GoPro Session 5
    • Опрема за велосипед (корпа, пумпа, шише, smart band)
    • Професионални кацига + ранец 
    • Specialized пумпа + ранец
     
  • Категорија Детска трка (1 - 11 години) 
    • Hover board 
    • Детски точак + smart band
    • Детски тротинет / скутер
    • Тротинет
    • Штитници + кацига + ранец

  • Категорија Ролерки/тротинети/скироли
    • GoPro hero 5 
    • Hover Board 
    • Smart Band + Ранец
    • Викенд за 2 лица во Аурора Спа Берово
    • Обука во Семос Едукација

  • Категорија Родители со бебе колички 
    • Женски велосипед
    •  Детско седиште
    •  Balance bike
    •  Викенд за 2 лица во Аурора Спа Хотел 
    • Обука во Семос Едукација

 

Ве очекуваме на #ВозиПравоВозиЗдраво vol. 3 да го поздравиме пролетното сонце и да се движиме, забавуваме и дружиме заедно како и на претходните  настани.

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.