
Новости
Соопштенија
Соопштение за располагање со парични средства од социјална заштита за месец август 2022
05.09.2022
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштение за располагање со парични средства од социјална, детска и цивилна заштита
Почитувани,
Ве информираме дека на 05.09.2022 (понеделник) ќе се изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите - корисници на дебитни картички, средствата ќе бидат веднаш достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите.
Додека, готовинска исплата во филијалите на Банката ќе се изврши етапно на 5-ти септември (понеделник) и 6-ти септември (вторник) 2022 година, со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:
- 05.09.2022 (понеделник) исплата за А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ; (презиме)
- 06.09.2022 (вторник) исплата за М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; (презиме)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец.
Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на паричните права за социјална заштита за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
Клиентите кои ќе ги посетат нашите филијали, апелираме да ги следат следните препораки:
• Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред
• Користење на маски или марами и да се одржува меѓусебно растојание од најмалку 2 метри.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна