header image

Кампања за подигнување на свесноста за измами при интернет купопродажба

10. 11. 2020

 

Кампања за подигнување на свеста за измами при интернет купопродажба

 

Кампањата #ПродавајБезбедно, предводена од Европол и австриската Служба за криминалистчко разузнавање, има за цел запознавање на луѓето и е-трговците како безбедно да купуваат и продаваат преку интернет, со цел заштита во пресрет на најголемата малопродажна сезона во годината „сајбер викенд“ (Black Friday, Cyber Monday и Singles Day)


Република Северна Македонија е една 16-те земји учеснички во годишната кампања под покровителство на Акцијата за е-трговија за 2020 година, насловена како #SellSafe (#ПродавајБезбедно) и #BuySafePaySafe (#КупувајБезбедноПлаќајБезбедно), чија цел е подигање на свесноста за измами при купопродажба на интернет.

Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, во соработка со Европол и „Стопанска Банка“ АД Скопје, се вклучени во оваа кампања, во која органите за спроведување на законот од Австрија, Колумбија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Малта, Северна Македонија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Соединетите Американски Држави се здружија со Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол  и Советот заштита на трговците од ризик (Merchant Risk Council) за да споделат практичен совет како да се надмудрат криминалците кои се обидуваат да го злоупотребат купувањето преку интернет.

Стопанска банка АД - Скопје во своето 75 годишно постоење инвестира во едукацијата на своите клиенти, физички и правни лица со цел нивно максимално запознавање со производите и услугите кои ги користат но и мерките на заштита на своите податоци и финансии. Во услови на постоење напредни технолошки алатки Банката презема мерки за зголемена заштита и поддржува вакви кампањи од јавен интерес.

Материјалите со корисни насоки и препораки за заштита можете да најдете на нашата веб страница во делот посветен на e-commerce.

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.