
Новости
Соопштенија
Информација за лажни и малициозни e-mail пораки
20. 3. 2023
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЛАЖНИ МАЛИЦИОЗНИ E-MAIL ПОРАКИ
Почитувани клиенти,
Во текот на денот добивме информација дека одредени клиенти и соработници добиле сомнителна e-mail порака која треба да наликува на допис од Стопанска банка, но е испратена од лажна e-mail адреса. Имено, адресата завршува со stp.com.mk наместо stb.com.mk, а покрај тоа е напишана на лош македонски јазик, со нелогични насоки и прилог со несоодветна екстензија.
Бидете внимателни, не ги отворајте и не ги препраќајте пораките дополнително до други e-mail адреси затоа што прилогот веројатно содржи malware кој може да Ви наштети.
Како и досега, ваквите обиди се насочени кон загрозување на Вашата безбедност зад превезот на довербата што ја имаат клиентите во познати брендови како што се банките. Се надеваме дека со редовно информирање за чекорите за засилена безбедност и алертирање при вакви појави, успеваме заеднички да го намалиме успехот на малициозните дописи.
Стопанска банка АД - Скопје