
Новости
Соопштенија
Соопштение за исплата на пензии за месец март
28.03.2022
Соопштение за исплата на пензии за месец март
Почитувани,
Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Ве известуваме дека пензиите за месец март од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.
Со пензиите за месец март, клиентите ќе можат да располагаат од 29.03.2022 (вторник), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:
- До 11.000 денари на 29.03.2022 (вторник)
- 11.001-14.000 денари на 30.03.2022 (среда)
- 14.001-18.000 денари на 31.03.2022 (четврток)
- Над 18.001 денари на 01.04.2022 (петок)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.
Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и задолжително е носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна