
Новости
Соопштенија
Новости во e-banking плаќањата за правни лица
31.05.2019
Новости во e-banking плаќањата за правни лица
Почитувани клиенти,
Ве информираме дека Стопанска банка АД – Скопје изработи нова компонента за инсталација на дигитални сертификати на УСБ токен која овозможува потпишување од сите Windows пребарувачи.
Новиот инсталациски пакет е одговор на вашите барања и искрено веруваме дека новиот пристап во користењето на УСБ токените значително ќе ви ја олесни работата со вашите деловни финансии.
За да извршите инсталација на новата компонента, кликнете тука.
Ви благодариме што со Вашите сугестии и забелешки ни помагате да изградиме сервис кој го трансформира начинот на кој правните лица раководат со своите финансии.
Со почит,
Стопанска банка АД – Скопје
75 години На Ваша страна