
Новости
Соопштенија
Промоција за нови VISA Vero & STB кредитни картички
11. 01. 2021
Промоција за нови VISA Vero & STB кредитни картички
Почитувани,
од 11. 01. 2021 година VISA, Vero и Стопанска банка АД - Скопје започнаа заедничка промоција за привлекување на нови корисници на првата ко-брендирана кредитна картичка која постојано наградува VISA Vero.
Имено, првите 1.000 нови корисници на картичката ќе добијат вредносен ваучер од 500мкд кој може да се употреби за купување во сите продажни места на Веро и Џамбо.
Дополнително, оваа картичка постојано наградува бидејќи со секое нејзино користење се генерира месечен ваучер кој потоа може да се користи во Веро и Џамбо:
- 3,5% од износот потрошен во Веро
- 0,5% од износот од останатите трансакции кај други трговци
Аплицирањето за оваа кредитна картичка е достапно 24/7 преку www.alokredit.mk и (02)15100 и секако во филијалите на Банката.
Повеќе за карактеристиките на картичката како и условите за нејзино користење дознајте на нашата веб страница.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна