header image

Понуда од Стопанска банка - одложување на отплатите до 6 месеци

31.03.2020 СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

Понуда од Стопанска банка

 

Во услови на пандемија од невидени размери, како системска банка, Стопанска банка АД – Скопје им пристапува на своите клиенти правни и физички лица, а со тоа и на севкупната економија, со понуда која помага да се надминат финансиските ефекти од корона-кризата.
Понудата е валидна за физички лица кои одржуваат постојани деловни односи со Банката.

Клиентите физички лица, со понудата добиваат 6 месеци одложено плаќање за сите обврски доспеани од 29.02.2020г. по основ на сите кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување заклучно со 30.09.2020г.

Во врска со корпоративните клиенти, погодени од кризата, Банката воведува олеснувања во сервисирањето на обврските кои во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно.

Можностите за правните лица вклучуваат соодветно прилагодување или одложување на отплатата на кредитите, можности за рефинансирање, како и понуда на кредитна поддршка за ликвидносни потреби.

Ги повикуваме сите наши клиенти детално да ја проучат понудата објавена на нашата веб страница и да постапат согласно дадените насоки. Клиентите кои ја прифаќаат понудата НЕ ТРЕБА ДА се обратат до Банката. 

Доколку клиентите не сакаат да ја прифатат понудата потребно е најдоцна до 10.04.2020г. до 23:59 часот да го пополнат формуларот објавен на нашата веб страница или да се обратат до Банката преку covid19@stb.com.mk

Oвие мерки се од големо значење и се однесуваат на клиентите кои најсилно ги чувствуваат ефектите од кризата. Оттука, Банката апелира клиентите кои ќе продолжат да бидат во можност да ги отплаќаат своите месечни обврски, така и да постапат. Со тоа всушност помагаат, економските мерки од сите банки и од државата да имаат ефект за погодените субјекти, и дотолку повеќе, помагаат за побрзо опоравување на економијата по кризата.

Понудата значително им помага на нашите клиенти во претстојниот период, и со тоа Банката и помага на заедницата да ги фокусира своите напори на она за што заедно се бориме – надминување на епидемијата со COVID – 19, затшита на нашето здравје и животот.


Како банка со 75 години успешна традиција, нашата мисија е да бидеме дел од заедницата и да создаваме подобра иднина заедно, а во моментов нашата иднина налага зголемена емпатија, разбирање и почитување.

Од финансиски аспект, Банката е подготвена да ги апсорбира ефектите од економските мерки и да го надмине 6 месечниот период, но и се подготвува по надминување на пандемијата, Банката уште еднаш да застане покрај стопанствениците и населението со современи банкарски услуги и производи.
Веруваме дека ќе го пребродиме овој период заедно и следејќи ги мерките за заштита, нашата заедница ќе излезе поискусна за уште една победа, и Банката ќе остане, како и секогаш, на ваша страна.

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.