header image

Оглас за работно место - Аналитичар/Програмер во Секторот за информатичка технологија

5. 5. 2021

 

Оглас за работно место - Аналитичар/Програмер во Секторот за информатичка технологија

 

Стопанска банка АД - Скопје е во потрага по нов член на тимот во Секторот за информатичка технологија, работна позиција Аналитичар/Програмер.

Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:
-    Искуство во развој на веб и десктоп софтверски апликации со Microsoft Visual Studio во VB.NET и C#
-    Познавање на работа со бази на податоци во Microsoft SQL Server
-    ВСП – факултет за информатичка технологија или електротехника
-    Минимум 2 години работно искуство како .NET програмер
-    Одлично познавање на англиски јазик

Лични карактеристики:
-    Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи
-    Тимски дух, позитивен став  и однесување
-    Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
-    Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
-    Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

Работното време е  8 часа дневно или 40 часа неделно. Работното време е со почеток од 8.00ч до 9.00ч и крај од 16.00ч до 17.00ч. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Ве молиме Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го доставите најдоцна до 21. 5. 2021 година преку овој линк:, преку e-mail: human.resources@stb.com.mk, или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате. Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати.

Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.