header image

Средба со добитникот на главната награда

4. 8. 2021

Средба со добитникот на главната награда

 

Почитувани,

Денес во управната зграда на Банката не посети Антонио Зврцинов од Скопје, среќниот добитник на главната награда од 1 милион денари од наградната игра „Милион причини да купуваш безбедно“. Добитникот на присутниот Менаџмент накратко му го опиша своето искуство со наградната игра и извлекувањето. Имено, тој е корисник на ВИСА кредитна картичка од Стопанска банка АД – Скопје од 2018 година и активно ја користи во трговската мрежа, а добитната трансакција ја направил со мало купување на интернет. Во моментот кога од Банката го контактираа за добивката, Антонио се наоѓал на терен со своите колеги па помислил дека станува збор за некаква шега и не поверувал во добивката. Откако подоцна доби и повик од Контакт центарот и уште еднаш ги провери објавите за наградната игра на веб страницата на Банката се увери дека имал вистинска среќа и информацијата ја споделил со најблиските.

Водени од максимата дека среќата е поголема кога се споделува, Антонио и семејството несебично одлучиле да донираат дел од добивката за Домот за деца без родители па со исплатата на средствата од добивката г. Зврцинов веќе ги договорил деталите околу донацијата на спорстка опрема за децата под заштита на Домот.

Генералниот извршен директор г. Диомидис Николетопулос на кратката средба му посака на г. Зврцинов и во иднина да го следи среќа и да му се остваруваат плановите и амбициите а Стопанска банка АД – Скопје ќе остане на негова страна.



Им честитаме уште еднаш на среќните добитници на 101 награда од големата наградна игра „Милион причини да купуваш безбедно“! Стопанска банка АД – Скопје продолжува да ги наградува своите лојални клиенти и да нуди производи и услуги во склад со нивните желби и потреби.

Секако, согласно ветувањето на почетокот на кампањата за наградната игра, Банката донираше во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ - Скопје хируршка и лапароскопска опрема за Клиниката со која се подобруваат капацитетите и се овозможува долгорочна поддршка за се поголемиот број пациенти кои секоја година безрезервно ги добиваат услугите од Клиниката.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на