
Новости
Соопштенија
Издадени првите 5.000 картички од проектот „Купувам Домашно“
12.06.2020
Издадени првите 5.000 картички од проектот “Купувам Домашно“
Стопанска банка започна со издавање на #КупувамДомашно картичките, со ставање на располагање на првите 5.000 картички во текот на денешниот ден.
Согласно со планот за изработка и издавање на над 110.000 картички, Стопанска банка АД – Скопје веќе испрати за 5.000 клиенти СМС порака со повик денеска да си ги подигнуват своите картички од филијалите на Банката.
Клиентите, следејќи го препорачаниот термин, ги посетуваат филијалите и ги подигнуваат картичките.
Со оваа динамика, Банката ќе ги изработува и ќе ги издава картичките и во следните денови за што подготвен е и посебен режим на работа на филијалите што придонесува да не се нарушат секојдневните интеракции со клиентите за останатите банкарски услуги.
Банката на дневна основа продолжува да испраќа СМС порака со покана за подигнување на картичката од филијалите на Банката со што клиентите се навремено информирани и немаат потреба од посета на филијали или јавување во контакт центарот.
На интернет страницата на Банката достапен е и формулар за проверка на терминот и филијалата за подигнување на картичката.
Апелираме до клиентите да се придржуваат до зададениот термин со цел ефикасна и безбедна реализација на проектот.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна