header image

Информации за домашната платежна картичка „Купувам домашно“

10.06.2020

 

Информации за домашната платежна картичка „Купувам домашно“



Стопанска банка АД – Скопје, како системска банка, активно ќе биде вклучена во спроведувањето на проектот „Купувам домашно“ кој произлегува од Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и на вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба.


Клиентите е потребно да ги следат неколкуте чекори за да добијат информација за својот статус.


1.    На www.kupuvamdomasno.gov.mk може да се информираат од која банка ќе ја добијат картичката, како и за тоа за кој износ на финансиска поддршка се квалификувале.

2.    Во најкус можен рок Банката на својата интернет страница ќе го објави сервисот преку кој лицата што се распоредени за издавање на домашна картичка преку Стопанска банка ќе можат да проверат (со својот ЕМБГ) на кој датум, во која филијала и во кој термин картичката ќе биде достапна за преземање. За оваа цел, на клиентите што имаат пријавено мобилен телефон во Банката, ќе им биде испратен и СМС со терминот и со филијалата за подигнување на картичката.

Клиентите кои немаат интернет пристап, терминот и филијалата определени за подигнување на нивната картичка ќе можат да ги проверат во 24/7 контакт центарот на (02)3100109.

3.    Апелираме клиентите да се придржуваат до определениот термин (датум, време и филијала) за подигнување на картичките со цел избегнување на метежот и нивна поголема заштита во овие вонредни услови. Клиентите задолжително со себе треба да понесат важечки документ за лична идентификација!

4.    Издавањето на картичките Банката ќе го врши во наменски определени филијали (во градовите каде СБ е застапена со повеќе филијали) или со посебен временски режим на работа за оваа намена (во градовите каде што Банката има една филијала), за што детални информации ќе бидат објавени во најкус можен рок.

 

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна
 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.