header image

Информација за LIBOR референтни каматни стапки

20. 12. 2021

 

Информација за LIBOR референтни каматни стапки

 

Почитувани клиенти,

Реформите на референтните каматни стапки, кои претставуваат основа за дефинирање на променливите каматни стапки, а кои се случуваат на финансиските пазари, се едни од најобемните реформи на глобално ниво и наметнуваат потреба од соодветно усогласување на работењето на банките и на другите учесници на пазарот кон промените. Во таа смисла, меѓу другото, се наметнува потреба и од спроведување т.н. ефикасна транзиција од референтни каматни стапки за кои е предвиден датум на престанок кон нови референтни каматни стапки.


Во наведениот контекст, од особено значење е да се нагласи податокот дека надлежното тело - Financial Conduct Authority (FCA) од Велика Британија потврди дека повеќето референтни каматни стапки што се базираат на ЛИБОР (Лондонска меѓубанкарска понудена каматна стапка) ќе престанат да се обезбедуваат од страна на надлежните администратори или, пак, нема да бидат репрезентативни во периодот по 31.12.2021 година. Станува збор за референтни каматни стапки ЛИБОР за следниве валути: ГБП (британска фунта), ЕУР (евро), ЦХФ (швајцарски франк) и ЈПУ (јапонски јен), како и каматните стапки за еднонеделен и за двомесечен ЛИБОР за УСД (американски долар).

Овие референтни каматни стапки почнувајќи од 1.1.2022 година ќе се заменат со нови референтни каматни стапки. Стопанска банка АД - Скопје (во натамошниот текст: Банката) како дел од финансискиот систем на земјата во рамки на своите настојувања за градење целосна доверба кај своите клиенти, реши да се приспособи на новонастанатите промени и во постојните договорни односи со своите клиенти (физички и правни лица) што се базираат на претходно споменатите ЛИБОР референтни каматни стапки, да ги примени новите референтни каматни стапки соодветни на странската валута во која е склучен договорот. Ваквото постапување е од интерес на клиентите и обезбедува континуитет на нивниот договорен однос со Банката.  


Во таа смисла, промените во референтните каматни стапки што се користат за пресметка на каматната стапка во договорниот однос со клиентите кај кои има промени, а што ќе следуваат и ќе бидат во примена почнувајќи од 1.1.2022 година, па во иднина, ќе се извршат како што е наведено:


Сите клиенти (физички и правни лица) на Банката што имаат веќе склучени важечки договори со Банката за трансакциски сметки и / или договори за орочени депозити во странски валути со променливи каматни стапки, каде што променливата каматна стапка се утврдува со ЛИБОР референтна каматна стапка, доколку не се согласуваат со промената на референтната каматна стапка, имаат право да достават писмено известување до Банката дека не се согласуваат со замената на референтната каматна стапка на наведениот начин и може да го раскинат договорот со Банката. Клиентите имаат можност да се обратат во која било филијала на Банката секој работен ден во текот на работното време најдоцна до 31.1.2022 година.


Доколку клиентот не дојде во Банката најдоцна до предвидениот рок и не достави писмено известување до Банката дека не се согласува со замената на референтната каматна стапка на наведениот начин, односно не ја извести Банката дека го раскинува договорот, ќе се смета дека е известен, запознаен и дека се согласува со промената на референтната каматна стапка во неговиот договорен однос со Банката извршена на начин како што е предвидено во табелата погоре со примена од 1. 1. 2022 година, па во иднина, а постојните договори ќе се сметаат за важечки сè до раскинување на договорот, односно до истек на договорниот однос.


Стопанска банка АД - Скопје

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.