
Новости
Соопштенија
Продажба на недвижен имот 11/12/2018
11/12/2018
О Г Л А С
(реф бр. 21-12/2018)
за продажба на недвижен имот на Стопанска банка АД – Скопје
Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:
1. Административен простор во Виница (дел од зграда на филијала Виница) со површина од 643м2 (01+02+03+04кат) за минимална/почетна цена од 132.000 ЕУР;
2. Моторно возило - Mitsubishi lancer 1.5 Invite, година на производство 2009 година, со поминати околу 90.000 км (возилото е лоцирано во Olympia motors) за минимална/почетна цена од 1.990 ЕУР;
3. 2 (две) деловни простории во Гостивар (во близина на Автобуска станица) со вкупна површина од 54м2 на ул.Гоце Делчев бб за минимална/почетна цена од 24.000 ЕУР;
Напомена: дел.простории се продаваат и поеднично, но предност при одлучување ќе имаат понудите за купување на двата деловни простории.
4. Спрат од куќа во Битола на ул.Караорман бр.15 со вкупна површина од 93м2 (1кат) за минимална/почетна цена од 14.000 ЕУР;
5. Куќа во с.Здуње, Гостивар со површина од 343м2 и земјиште од 542м2 за минимална/почетна цена од 55.000 ЕУР
Во цената на имотот под точка 1 и 3 не е вклучен ДДВ од 18% кој го плаќа Купувачот.
Имотите под точка 4 и 5 не се во фактичко владение на Продавачот, а постапката за испразнување и трошоците околу истата ги превзема Купувачот.
Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.
Недвижниот имот Ќе се продава во готово или на кредит.
Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.
Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:
Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
- Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
- Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци),
- Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.
На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
- цената која се нуди за купување на недвижноста;
- согласност за плаЌање на ДДВ од 18%;
- согласност за плаЌање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.
Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД 113660111 со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со почетна/минимална цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со почетна/минимална цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна/минимална цена под 50.000 ЕУР.
Уплатениот депозит на понудувачот чија понуда ќе биде избрана како најдобра, се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога Ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.
Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на плаќањето.
Рокот за доставување на Понудите е 14.12.2018 година.
Дополнителни информации на телефон: 02/3295-280
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна