
Новости
Соопштенија
Соопштение за располагање со парични права од социјална заштита и гарантирана минимална помош
02.12.2020
Соопштение за располагање со парични права од социјална заштита и гарантирана минимална помош
Почитувани,
Ве информираме дека од 03.12.2020 (четврток), ќе се изврши процесирање на паричните средства за корисниците на гарантирана минимална помош.
Со цел поголема заштита и намалување на гужвите во филијалите, од 03.12.2020 (четврток) клиентите со дебитни картички, ќе можат ги користат средствата од гарантираната минимална помош на банкоматите и во трговската мрежа, додека исплатата во филијалите на Банката ќе се реализира согласно определен распоред, според првата буква од презимето и тоа:
- 3 декември (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,
- 4 декември (петок) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Сите останати корисниците на средствата за социјална и детска заштита од ќе може да ги користат од 04.12.2020 (петок) на банкоматите и во трговската мрежа во секое време, додека исплатата во филијалите на Банката исто така ќе се реализира согласно строго дефиниран распоред, според првата буква од презимето и тоа:
- 7 декември (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,
- 9 декември (среда) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец.
Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на средствата за социјална заштита и гарантирана минимална помош да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за овие приливи туку и за приливите кои следуваат додека траат мерките за заштита.
Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на паричните права за социјална заштита за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
Клиентите кои ќе ги посетат нашите филијали, апелираме да ги следат следните препораки:
• Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред
• Да се почитуваат сите превентивни мерки во насока на заштита на јавното здравје (задолжително користење на маски или марами) и да се одржува меѓусебно растојание од најмалку 2 метри, за што се ангажирани и редарски службеници.
Стопанска банка АД – Скопје,
На ваша страна