
Новости
Соопштенија
Соопштение за исплата на пензии за месец август 2022
29.08.2022
Почитувани,
Соопштение за исплата на пензии за месец август 2022
Ве известуваме дека пензиите за месец август од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.
Со пензиите за месец август, клиентите ќе можат да располагаат од 30.08.2022 (вторник), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:
- До 11.000 денари на 30.08.2022 (вторник)
- 11.001-14.000 денари на 31.08.2022 (среда)
- 14.001-18.000 денари на 01.09.2022 (четврток)
- Над 18.001 денари на 02.09.2022 (петок)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Апелираме овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.
Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
За влез во филијалите препорачуваме носење на маска/марама и сл., а клиентите да држат растојание од 2м.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна