header image

Оглас за продажба на имот бр. 3-04/2020

07.04.2020

 Оглас за продажба на превземен имот (бр. 3-04/2020) на Стопанска банка АД – Скопје

 

Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши продажба на следниот имот:

  1. Производен погон во Тетово запишан во ИЛ 38489 за КО Тетово 2 лоциран на ул.Илинденска бр.228 со вкупна површина од 1281м2  со  земјиште под објект за минимална/почетна цена од 205.000ЕУР.

  2. 5 (пет) објекти  (дел од комплекс за обработка на тутун (Јака Табак, во стечај)  во Радовиш на ул.М.Тито, и тоа:
    а) Зграда 7, објект откупна сала со вкупна површина од 2871 м2 за минимална/почетна цена од 163.620ЕУР;
    б) Зграда 9, објект магацин со вкупна површина од 5,007м2 за минимална/почетна цена од 264.060ЕУР;
    в) Зграда 18, објект магацин со вкупна површина од 158м2 за минимална/почетна цена од 10.530ЕУР;
    г) Зграда 21, објект магацин со вкупна површина од 151м2 за минимална/почетна цена од 8.556ЕУР;
    д) Зграда 22, објект магацин со вкупна површина од 183м2 за минимална/почетна цена од 12.150ЕУР.

  3. Недвижен имот во Неготино* - 8 (осум) згради со вкупна површина од 1976м2 и право на користење земјиште под и околу објект со вкупна површина од 3911м2 лоцирани  во м.в. Маршал Тито за КО Неготино запишан во Имотен лист бр.5942 за КО Неготино, и тоа:
    а) зграда 1 со површина од 678м2 за минимална/почетна цена од 112.000ЕУР;
    б) зграда 2 со површина од 690м2 за минимална/почетна цена од 111.000ЕУР;
    в) зграда 3 со површина од 198м2 за минимална/почетна цена од 32.000ЕУР;
    г) зграда 4 со површина од 147м2; зграда 5 со површина од 15м2; зграда 6 со површина од 86м2 и зграда 7 со површина од 13м2
    за минимална/почетна цена од 38.500ЕУР;
    д)зграда 8 со површина од 144м2 за минимална/почетна цена од 26.000ЕУР.

    *Предност во купувањето ке има понудувачот кој ќе понуди цена за сите објекти во пакет.


  4. Дел од деловно административна зграда во Струмица, запишана во ИЛ бр.5648 за КО Струмица, лоцирана на бул.Ленинова бр. 19 ( Пр+МЕ+5) со површина од околу 1829м2 и тераса со површина од 325м2 за минимална/почетна цена од 1.100.000 ЕУР.

  5. Барака во Велес, моментално лоцирана на КП 1545 за КО Велес. Имотот не е запишан во ИЛ и се продава како подвижен предмет за минимална /почетна цена од 3.500 ЕУР.

  6. Куќа во с.Радишани, Скопје на ул.Радишанска бр.216А (ПР+МА) со вкупна површина од 109м2 и земјиште со вкупна површина од 785м2 за минимална/почетна цена од 34.200ЕУР.

  7. Куќа во с.Јанковец, Ресен на ул.Јаковец бр.330 со вкуна површина од 171 (ПР+01) запишан во имотен лист бр.118 за КО Јанковец за минимална/почетна цена од 30.000ЕУР.

Продажбата се врши на принцип видено-купено без допонителни приговори за било какви физички или правни недостатоци на имотот.
Во цената на имотите под точка 1,2, 3, 4 и 5 не е вклучен  ДДВ од 18% и истиот го плаќа купувачот.
Данокот на промет на недвижност, како и трошоците околу преносот на правото на сопственост ги плаќа купувачот.
            Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на наддавање, со прибирање на затворени писмени понуди.
              Недвижниот имот ќе се продава во готово или  на кредит.

Доколку недвижниот имот се купува на кредит, понудувачот е должен пред доставување на понудата да ја утврди својата кредитна способност и за истата да достави потврда со доставената понуда.  
    
Сите заинтересирани правни или физички лица за учество во купопродажбата треба да достават два поединечно затворени плика, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:

  1. Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со  имот ул.11 Октомври бр.7, Скопје и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:
    -    Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,  
    -    Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ  не постара од 6 месеци),
    -    Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација. 

  2. На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
    -    цената која се нуди за купување на недвижноста;
    -    согласност за плаќање на ДДВ од 18%;
    -    согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.
     


Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат на жиро-сметка на Банката 200000000099029 - МКД 113660111  со назнака: ,,депозит за учество на лицитација”, или да депонираат како залог во СБ средства во износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот со минимална/почетна цена над 150.000 ЕУР; 5% за имотот со минимална/почетна цена помеѓу 50.000 ЕУР и 150.000 ЕУР и 20% од минималната/почетна цена за имотот со почетна минимална цена под 50.000 ЕУР.

Уплатениот депозит на успешниот понудувач се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.
    
     Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот, откога ќе биде официјално информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.

Стопанска банка АД – Скопје го задржува правото да не прифати ниедна од доставените понуди за купување, односно да не склучи договор за купопродажба. Во тој случај депозитот за учество на лицитација ќе биде вратен на понудувачот во уплатениот износ.
          
           Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР пресметана според  средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето.
          
Рокот за доставување на Понудите е 15.04.2020 година.

Дополнителни информации на телефон:  02/3295-280,  02/3295-283 и 071/223 636

СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.