header image

Најава за понуда за поддршка на клиентите корисници на кредитни производи

28.03.2020

Најава за понуда за поддршка на клиентите корисници на кредитни производи



Стопанска банка АД – Скопје целосно ја разбира вонредната ситуација во која се наоѓаме а воедно чувствува и високо ниво на општествена одговорност да преземе неопходни мерки со кои ќе биде од дополнителна поддршка на индивидуалните клиенти и на компаниите за ефективно да ја надминат оваа ситуација креирана од глобалната пандемија и вонредната состојба во земјата.

Конкретната понуда за клиентите ќе следува на почетокот на следната недела, целосно во склад со регулативите на НБРСМ и истата ќе вклучува можности за одложување на отплатата на долговите во период до 6 месеци или прилагодување соодветно на условите и потребите.

Јавноста треба да биде уверена дека Банката доследно ќе ја одигра својата улога на системска банка, ќе застане во поддршка на своите клиенти и како и досега ќе ја докаже својата изградена општествена одговорност.

Во претстојниот период ве молиме да ги следите објавите на нашата веб страница, каде понудата ќе биде детално објаснета. Преку нашите филијали, контакт центар и другите канали за комуникација не можете да добиете дополнителни информации се додека официјално не биде објавена понудата.

Ви благодариме на разбирањето

 

 

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.