
Новости
Соопштенија
Проверка на термин и локација за подигнување на платежната картичка
15.06.2020
Проверка на термин и локација за подигнување на платежната картичка
Почитувани граѓани,
на интернет страницата на Стопанска банка АД - Скопје достапен е формулар преку кој можете во секое време да проверите во која филијала и во кој термин (ден и час) треба да ја подигнете вашата платежна картичка од програмата на Владата „Купувам Домашно“
- на www.stb.com.mk/DPK едноставно внесете ЕМБГ и добијте ја посакуваната информација.
На овој начин, Банката и овозможува на над 110.000 клиенти кои треба да добијат картичка од филијалите, безбеден, брз и едноставен начин да се направи проверката и да се продолжи со ефикасната дистрибуција и издавање на картичките, без непотребни посети на филијалите или јавувања во Контакт центарот. Листата се ажурира на дневна основа, согласно изработката и дистрибуцијата на картичките во филијалите.
Банката подготви и корисни прашања и одговори за корисниците на платежните картички достапни на нашата веб страница.
Воедно, ги потсетуваме клиентите дека ажурирање на телефонски број или e-mail адреса за постојните клиенти на Банката е овозможено преку нашиот 24/7 Контакт центар на (02)3100109.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна