header image

Сонуваме.Менуваме 2

05.12.2017 г.

Второ издание на „СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ.“
општествено одговорен проект на Стопанска банка АД - Скопје
„Заедно можеме да создадеме поубав свет“

Стопанска банка АД – Скопје преку организација на второто издание на проектот „Сонуваме.Менуваме“ и овој декември се насочува кон децата со посебни потреби или пречки во развојот и потребата за нивна постојана инклузија во општеството.
 
На сцената на МОБ (Македонска Опера и Балет), детските миленици 5+ Фамилија кои веќе 10 години ја збогатуваат домашната едукативна и забавна детска програма ќе понудат едночасовна забава во која интегрален дел се деца со посебни потреби кои помагаат текот на приказната да биде комплетен и со тоа на најпластичен начин на публиката да и се претстави инклузијата во најјасна форма.

Концертите “Сонуваме.Менуваме“ ќе се одржуваат во МОБ со овој распоред:

•    Петок 15.12. од 18 часот
•    Сабота 16.12 од 11 и од 14 часот
•    Недела 17.12 од 11 и од 14 часот

Поради хуманитарниот карактер на настанот, билетите ќе бидат пуштени во продажба на билетарницата на МОБ по симболична цена од 150 денари и сите овие средства ќе се вклучат во фондот за донации кој Стопанска банка го обезбеди за реализација на грантови за асоцијациите на деца со посебни потреби.

Нашиот тим го создаде овој проект во соработка со асоцијациите на деца со посебни потреби и горд сум што проектот добива на континуитет и претставува поттик за нашата општествено одговорна активност во иднина.
Моќта на проектот произлегува од соработката, од можноста да се дознае повеќе, да се споделат искуства, да се научи нешто и да се препознае емпатијата. Секој од нас, вклучен во овој проект доби нова перспектива на животот и модел за негово подобрување во иднина.
Повторно, со донациите кои Банката ќе ги реализира со асоцијациите се надеваме дека децата покрај забавните моменти за време на концертите, ќе уживаат и во трајно подобрени услови за едукација и надградба.“ – изјави г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален Извршен Директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

 

Дознајте повеќе за настаните, термините и содржините на концертите на нашата Facebook страница.

 

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на